Според прелиминарната листа која беше електронски дистрибуирана , дозволи за превоз преку граница добија вкупно 475 макдонски транспортни компании од кои само 7 се од охридскиот регион.
Според соопштението на Министерството, со електронската дистрибуција на транспортните дозволи се елиминира секаква можност за пристрасна и нелојална распределба на истите, а се спречуваат и можноста за појава на корупција. Електронската дистрибуција на дозволите се одвива со употреба на соодветна софтверска апликација, специјално дизајнирана за таа намена.