Во октомври биле издадени седум одобренија за градба во Охрид, додека во Струга нема, објави Државниот завод за статистика (ДСЗ).
Пет се издадени на физички лица, а две на деловни субјекти. Предвидена е изградба на 15 станови, со вкупна корисна површина од 689 м2. Од нив пет еднособни, девет двособни и еден четрособен, велат податоците на ДЗС.
На ниво на држава издадени се 325 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесува 7 539 575 илјади денари, што е за 47.7 % помалку во однос на истиот месец лани.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 80 (24.6 %) за објекти од нискоградба и 58 (17.8 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 325 објекти, на 175 (53.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 150 (46.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71 091 м2.
OhridNews