Во август годинава се издадени 344 одобренија за градење на ниво на држава, што е за 9.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 038 158 илјади денари, што е за 23.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Во Охрид издадени се седум одобренија за градба од кои едно на физичко и шест на деловни субјекти. Предвидената вредност на објектите изнесува 1 052 615 илјади денари за изградба на 129 станови со корисна површина од 7 402 м2.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, на ниво на држава, 157 (45.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 121 (35.2 %) за објекти од нискоградба и 66 (19.2 %) за објекти за реконструкција. На 180 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66 791 м2.

OhridNews