На меѓународниот ИТФ А класа турнир кој се одржа на 24 и 25 февруари во Бачка Топола, Србија покрај теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ учествуваше и охридскиот клуб Мастер кој се натпреваруваше со јуниори и пионери.
Одличја на престижниот турнир освоија Верица Танкоска сребрен медал во спаринг категорија -40кг за пионерки и бронзен медал во форми за зелен појас, Стефан Каланоски златен медал во спаринг помлади јуниори во категорија+50кг и бронзен медал во форми за зелен појас, Димитар Велјаноски сребрен медал во спаринг во помлади јуниори категорија+45кг, Ангела Велјаноска сребрен медал во спаринг помлади јуниорки категорија +50 кг и Анастасија Велјаноска златен медал во спаринг помлади јуниорки во категорија +50 кг.
Од клубот задоволни се од освоените медали, но пред се од храброста и одлучноста на теквондистите кои допрва треба да нижат успеси од меѓународните натпревари.
OhridNews