Членовите на охридскиот клуб за бразилско џиу џицу освоија седум одличја на престижниот турнир кој изминатиов викенд во организацијата на АГП џии џицу клубот се одржа во Сккопје.
Единствениот златен медал за охридската екипа го донесе Христијан Чолески. Викторија Славковска финишираше на втората позиција. Никола Протугеров заврши трет во својата конкуренција а второ место во апсолутна категорија. Со бронзени медали се закитија Даријан Славковки, Ненад Ристевски и Саво Костоски.
Христијан Чолески на првото место од подиумот.
OhridNews