Во изминатите 24 часа се регистрирани седум нови случаи на Ковид-19 од направени 1.418 тестирања. Сите нови пациенти позитивни на коронавирусот се од Скопје. Регистрирани се 71 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 18 починати лица, од кои седум од Скопје.

Во Охрид денеска не се регистрирани нови случаи и оздравени лица.

Пријавени се вкупно 18 починати лица. Од нив, седум лица починале во Скопје, од кои најмладиот на 41 година, а најстариот на 86 години. Тројца починати се од Тетово, на возраст од 69, 72 и 81 година и тројца во Гостивар, (две лица на возарст од 68 години и еден на 77 години. Починати се две лица од Прилеп, на 80 и 90-годишнавозраст и по едно лице од Виница (76 години), Македонска Каменица (77 години) и Дебар (92 години). Од пријавените, девет лица се починати во домашни, а останатите девет во болнички услови. Пријавените девет лица починати во домашни услови се од април 2021 година.

Во моментов во Охрид има 186 активни случаи, а во Струга 65.

OhridNews