Денес често ќе слушнете дека одредени намирници помагаат за нешто во врска со вашето здравје. Меѓутоа, што е со оние кои се најзастапени и “најобични“во нашето поднебје? Како на пример, јаболката. Колку внимание се обрнува на нивната здравствена корист?
Факт е дека јаболкото е едно од најздравите овошја и поради тоа се препорачува да изедете барем едно дневно.

Јаболката спречуваат настанување на рак на дебелото црево

Според последните истражувања, кога природните влакна на јаболкото ферментираат во дебелото црвео, доаѓа до создавање на соединенија кои помагаат во борбата против формирање на клетките на ракот.

Јаболката го стабилизираат нивото на шеќер во крвта

Јаболката се богат извор на разградливи влакна кои го успоруваат варењето и влегувањето на гликозата во крвотокот. Неодамнешно истражување покажува дека жените кои јадат барем едно јаболко дневно имаат 28% помали шанси да развијат дијабетес во однос на жените кои не јадат.

Јаболката го подобруваат здравјето на непцата

Веќе одамна ги нарекуваат природна четка за заби. Иако консумирањето на јаболка всушност не ги чисти забите, нивното грицкање и џвакање ги стимулира непцата, а сласта го зголемува производството на плунка што го намалува пропаѓањето на забите со намалување на нивото на бактерии во устата.

Јаболката спречуваат настанување на висок крвен притисок

Неодамна спроведени истражувања покажуваат дека возрасните кои јадат барем две јаболка дневно имаат помали шанси за развој на хипертензија и тоа до 37% во однос на оние кои не ги јадат.

Јаболката ви помагаат да ослабите

Јаболката се состојат од вода и разградливи влакна и после нивното консумирање вашиот желудник ќе “бара“ помала количина на храна. Истражувањата покажуваат дека жените кои јадат три јаболка или круши дневно полесно го елиминираат вишокот на килограми.

Јаболката штитат од срцеви болести

Свежото јаболко е идеална ужина. Јаболката се богат извор на антиоксиданти кои спречуваат настанување на срцеви болести. Сепак, за да имате корист, јаболката треба да ги јадете неизлупени.

Јаболката го снижуваат високиот холестерол

Јаболката содржат многу малку калории, но затоа се исклучително богати со влакна и пектин, кој помага во намалување на лошиот холестерол кој ги оштетува артериите.

 

извор:dobrevijesti.info