ЕМО и натаму останува во плановите на државата која најави дека финансиски ќе го помогне  заживувањето на некогашниот охридски гигант.

Заменик-премиерот Зоран Ставрески при денешната посета на ЕМО, појасни дека на охридскиот загубар ќе му се помогне во расчисувањето на финансиските проблеми, со што во голема мера ќе се олесни процесот на изнаоѓање стратешки партнер.

-НА ЕМО ќе му помогнеме со 7 милиони евра да се исчистат билансите, за раководството кое добро работи да може да се насочи кон барање на нови пазари. „ЕМО“ има квалитетни производи кои се извезуваат во ЕУ, наше како држава е да му помогнеме, затоа што околу 2000 семејства ја обезбедуваат егзистенцијата преку оваа фирма, рече Ставрески.

Тој изрази надеж дека објавувањето тендер за „ЕМО“ во кој државата со 60 % од акциите е доминантен сопственик, би можело да се очекува за околу два месеци.

Ohridnews