Џудистите од џудо клубот „Дрим“ Струга и овој викенд беа на висина на задачата. На Меѓународниот натпревар во Едирне, Р. Турција, во огромна конкуренција освоија 7 медали со 7 учесници.

Во категоријата помлади пионери златен медал освои Давид Спироски, сребрен медал Елеонора Јосифоска, додека бронзени медали освоија Катерина Клењоска, Мила Стојмиловска и Божидар Јуловски.

Во категоријата пинери сребрени медали освоија Амар Бајрамоски и Матеј Балоски.

OhridNews