На подрачјето на СВР Охрид, изминатиов викенд  регистрирани  се седум кривични дела „Кражба“, едно кривично дело „Тешка кражба“ две кривични дела „Измама“ и две кривични дела „Одземање моторно возило“. Од страна на полициските службеници, три лица се фатени непосредно при вршење на кражба и приведени се во СВР Охрид за понатамошно расчистување на настанот.  Јавниот  ред и мир е нарушен во четири случаи а евидентирани се четири сообраќајни незгоди   во кои е  предизвикана помала  материјална штета, соопшти полицијата.

На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани  се три кривични дела „кражба“ и една сообраќајна незгода со предизвикана  материјална штета.

извор: СВР Охрид

Ohridnews