Седум клубови јавно се изразија дека се против продолжување на натпреварите во италијанската Серија А. На писмото испратено до Италијанската фудбалска федерација потпишани се Сампдорија, Торино, Болоња, Спал, Бреша, Парма и Удинезе. Фиорентина се двоуми и се уште нема заземено страна во преговорите околу продолжување или прекинување на Серија А.

Советот на Серија А тајно се состана и ја потврди намерата да се комплетира годинешниот шампионат. Сега се зависи од Владата која треба да зелено светло. Но тоа е потполно против правилата за заштитата на здравјето на спортистите. Таква одлука може да се донесе само во координација со медицинските лица и екипите, кои, мора да бидат максимално подготвени. – се вели во соопштението од седумте клубови.

Италија е најпогодена земја во Европа од пандемијата на коронавирусот. Италијаните вложуваат максимално напори да ја стабилизираат ситуацијата и ширењето на опасниот вирус да се смири.

OhridNews