Дури седум илјади интернет страници на некој начин учествуваат во денешниот протест против двата американски предлог закона против интернет пиратеријата, кои во моментов се разгледуваат во Конгресот, пишува порталот Deadline Hollywood.

Предлог законот познат како Stop Online Piracy Act (SOPA), поднесен пред долниот дом на американскиот Конгрес, како и предлог законот Protect IP Act (PIPA) кој во моментов се разгледува во Сенатот на САД, се наменети за спречување на пиратството на американските производи во странство.

Некои интернет страници сосема ги зацрнеа своите насловни страници, додека другите вниманието на ова прашање се обидуваат да го свртат на помалку драматичен начин.

Меѓу најпознатите интернет ресурси коишто протестираат се Wikipedia, Google, Reddit, WordPRess, TwitPic, Cheezburger, BoingBoing, Minecraft, Mozilla основа на итнернет пребарувачот Firefox.

Wikipedia, BoingBoing и Minecraft се одлучија со за целосно замрачување на нивните страници, додека другите, како Google, на пример, на своите основни страници поставија илустрации или визуелни пораки за цензурата во врска со спорените предлози, за коишто тврдат дека на американската влада ќе и’ овозможат цензурирање на интернетот „служејќи се со постапките кои се слични на оние со коишто се служат Кина, Малезија и Иран“.

Најконтроверзен дел од предлог законите е оној со кој на американските федерални власти ќе им се овозможи на ткн „црна листа“ да ја стават секоја интернет страница којашто според нив дистрибуира пиратски содржини. Тоа, поточно, на сите американски корисници би им го оневозможил пристапот до добар дел од интернетот.

Ресурсот Wikipedia на англиски јазик беше изгасната во шест часот утрово по средноевропско време на период од 24 часа.

OhridNews
извор: „Макфакс“