Судот во Тирана му изрече казна од седум години затвор на „колекционерот” на македонските и други икони Ѓерѓи Тимио, а на неговиот соработник Арбен Спахиу шест години. Јавното обвинитество кое побара девет години затвор за Тимио укажа дека тој и претходно бил осудуван за кражби на икони.
 
Инаку кај Тимио беа пронајдени голем број на икони украдени во албанските манастири и цркви, како и 19 икони украдени од македонските манастири и цркви. Заедничка комисија од Албанија и Македонија во Тирана изврши утврдување на иконите и притоа верификува дека кај овој албански државјанин биле и 19 македонски икони.

Ohridnews

извор Макфакс