Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство, ги поттикна швајцарскиот пратеник во европскиот парламент Андреас Грос. Тој беше и иницијаторот за формирање на анкетната комисија која ги истражува околностите под кои загина претседателот Трајковски.
Неколку дена пред одбележувањето на седумгодишнината од несреќата на Трајковски, неговиот брат – близнак, Александар Трајковски изјави дека неговиот брат е убиен.
Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија и неколку негови блиски соработници и членовите на екипажот.
Денес, сегашниот претседател, Ѓорге Иванов ќе го посети местото на несреќата, за да му оддаде почит на својот колега. На Ротимље, ќе се обратат претседателот Ѓорге Иванов, градоначалникот на Мостар, Љубо Бешалиќ, Претседателот на Владата на херцеговачко-неретванската жупанија, Среќко Борис, каде ќе положат и венец.
извор: Makfaks