Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти најави коренити промени во Реал Мадрид, откако тој и клубот, пред неколку дена пуштија рака за соработка. Двете страни потпишаа тригодишен договор.
Анчелоти ја составил трансфер листата на која се наоѓаат седум фудбалери. Најзвучно е името на Серхио Рамос, кој не е во добри односи со претседателот на клубот Флорентино Перез. Покрај капитенот на листата се наоѓаат Рафаел Варан, Иско, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Мартин Едегард.
Според шпанска „Марка“, нова шанса во дресот на „кралскиот клуб“ ќе добие Герет Бејл, кој не е омилен кај фановите поради својата незаинтересираност на и вон теренот.
Јас и Бејл имавме одлична соработка. Таа резултатираше со титула во ЛШ. За Роналдо не сакам да зборувам, бидејќи тој е фудбалер на Јувентус, – изјави Анчелоти.
Покрај Бејл, најверојатно, прилика ќе добие и Марсело, кој стана рекордер според бројот на настапи во Реал Мадрид кога се работи за фудбалер кој не доаѓа од Европа.
OhridNews