Седум ученици во едно основно училиште во Њу Џерси, САД две недели биле приморани да ручаат седнати на подот на училишната спортска сала како казна поради тоа што недолично се однесувале на часовите.

Овој “инцидент” се случил пред четири години, а учениците заедно со своите родители го тужеле училиштето и барале $500,000 долари оштета. 
Судскиот процес траел четири години, а на крај било одлучено школото да им ја исплати цела сума на учениците односно секој од нив добил по $70,000 долари.