Охрид следните седум дена ќе биде домаќин на третиот ракометен камп на капитенот на српската ракометна репрезентација, Андреа Лекиќ. Првото доаѓање во Охрид минатата година на Лекиќ било пресудно за одлуката за следниот домаќин на нејзиниот камп.
– Градот потполно ме фасцинираше минатата година кога дојдов со соиграчките од клубот. Тогаш и ја донесов одлуката мојот следен ракометен камп да се одржи тука. Брзо се договоривме со градоначалникот на Охрид околу условите и ете сме сите заедно во нашиот заеднички проект наречен ракометен камп. – рече Лекиќ.
Таа на учесниците кои доаѓаат од десет земји и се поделени во три категории им вети учење на ракометните вештини, добро дружење и забава и многу изненадувања.
– Нема нешто на светот што ме прави посреќна од кампот. Сите тие денови поминати со дечињата ми даваат сила и моќ да се справам со тешките моменти и предизвицо во текот на сезоната. Сакам да му помогнам на македонскиот ракометет бидејќи тука сум веќе две години и се чувствувам како дома. – додаде Лекиќ.
Мх.П.