Седум членови на Ракометниот клуб Охрид во различни категории учествуваат во трката за место во Ол стар тимот во Супер лигата, кој го спроведува интернет порталот „24ракомет“.
„Гладијаторите“ ги има речиси во секоја категорија, почнувајќи од голот, па се до клупата. Номинациите не се случајни, туку во целост заслужени, затоа што охриѓани со перфектен скор (12 победи во исто толку одиграни мечеви) ја завршија првата фаза во Супер лигата.
Во трката за место на голот е новопечениот репрезентативец Никола Даниловски, во гласањето за десен бек се најде Хрватот Денис Тот. Бобан Блажески и Крсте Андоновски конкурираат за место на крилните позиции, а Борче Соколови и Мартин Ивановски за најдобар одбранбен односно млад ракометар. Номинациите ги заокружува Раде Стојановиќ, кој се најде во трката за најдобар тренер.
Гласот за членовите на РК Охрид можете да го дадете следниот линк, тука.
OhridNews