УО на ФФМ денес во Охрид ќе ја одржи 34-тата седница на која меѓу другото ќе бидат разгледани извештаите за натпреварувачката 2008/09 во Првата и Втората МФЛ.

На усвојување ќе бидат дадени пропозициите за Првата, Втората , Третата МФЛ и националниот куп.

УО ќе ги разгледа и извештаите и информациите од Одделението за лиценцирање, Судискиот одбор и Дисциплинската комисија при ФФМ.

На седницата ќе биде именуван селектор и стручен штаб на националниот тим до 21-година.

ohridnews