На седницата меѓу другото ќе бидат потврдени одлуките на Комитетот за итност донесени помеѓу две седници на УО.
Потоа ќе бидат разгледани предлог буџетот за 2011г. и предлог правилниците за лиценцирање на клубови за УЕФА натпреварувањата и клубовите од Првата и Втората МФЛ за сезона 2011/2012г.
Попладнето во директен пренос на МТВ од 17 часот, ФФМ ќе го изврши традиционалниот избор на најдобрите за 2010г.