Советот на општина Охрид денеска ќе ја продолжи прекинатата 25 седница. На дневен меѓу другото треба да се најде разрешувањето и изборот на членови на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија Комуналец и Проаква.
Најмногу внимание седница привлекува поради најавите за формирање ново советничко мнозинство откако според партиските информации, најмалку двајца советници и откажале подршка на позицијата.
Советниците денеска треба да се изјаснат и по предлогот во Охрид да биде поставен споменик на основачот на Црвениот крс Анри Денан, а според најавите веднаш по завршувањето на 25-та, да ја одржи 26-та седница.