Комисијата за решавање на барањата за денационализација на имотите од општините Охрид и Ресен со седиште во Охрид, денеска во просториите на општината, ќе одржи нова работна седница.

Заради забрзување  на постапката на решавање на поднесените барања, Комисијата со седиште во Охрид од 1-ви април е засилена со двајца нови членови. Со решение на Министерот за финансии, за членови на Комисијата се именувани Јордан Симонов и Ирена Стоименова – и двајцата од Министерството за финансии. На истиот датум на досегашниот член Владо Милески, му престана членството во Комисијата.

Како што веќе пишуваше Ohridnews, до истекот на финалниот рок за завршување на процесот на денационализација, 30 јуни,  во Охрид преостанува да се решат околу 300 предмети. За крај останаа најкомплицираните премети за кои е потребно и најмногу време информираше неодамна регионалната  комисија за денационализација, која не ја исклучи можноста крајниот рок за завршување на процесот на денационализација во Охрид да биде пролонгиран до 1 септември.

ohridnews