Во вторник, 16 април, Советот на Општина Охрид ќе ја одржи четириесетата седница со почеток во 09:00 часот во зградата на Општина Охрид. На дневен ред се 16 точки.
Советниците ќе расправаат за усвојување на Информацијата за Физибилити студијата за развој на касарна Охрид во технолошко-рекреативна зона, за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2024 година, за утврдување на почетна цена за поставување на урбана опрема рекламни паноа – билборди и информативни табли на канделабри, за поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на Општина Охрид за периодот 2024 – 2027 година, поставување урбана опрема – рекламни паноа – билборди и информативни табли на канделабри на подрачјето на Општина Охрид за периодот 2024 – 2029 година, како и за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2024 – 2026 година.
Повеќе детали за дневниот ред на линкот.
OhridNews