Во вторник, 30 јануари, ќе се одржи триесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.
На дневен ред десет точки меѓу кои утврдување на вредноста на бодот за пресметка на бруто плата на вработените во ЈП „Водовод“ – Охрид и ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид кои имаат статус на административни службеници за 2024 година, давање согласност на одлуката за дополнување и изменување на ценовникот на услуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид, определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежното земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид, определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на земјоделско земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини, определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Општина Охрид.
Советниците ќе распрваат и за носење на локален акциски план за управување со отпад на Општина Охрид за 2024 – 2025 година како и план и програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територија на општина Охрид.
Повеќе детали за дневниот ред на линкот.
OhridNews