Педесет и третата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 28 февруари, петок, со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

На Дневен ред се 25 точку меѓу нив утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година, усвојување на Извештајот за реализирани активности по однос на мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023 – 2027 година, усвојување на Извештајот за извршениот годишен попис во Општина Охрид со состојба на 31.12.2024 година, како и Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година.

Советниците ќе распрваат и за измени на програмите и распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година, како и проширување на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews