Советниците од Општина Охрид во вторник, 13 февруари, ќе ја одржат триесет и осмата седница со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.

На дневен ред 37 точки меѓу кои програмата за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на Општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА), одлуката за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2024 година, како и  урбанистичко – плански документации.

Повеќе детали за дневниот ред на линкот.

OhridNews