Советниците во четврток ќе ја одржат триесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид со почеток во 9 часот.
На дневен ред се 86 точки меѓу кои годишните извештаи за работата на образовните установи и јавните претпријатија, реализација на програмите за туризам и локален економски развој, за животна средина, спорт и рекреација, за капиталнни инвестиции во образованието, за детска заштита…, предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Охрид за 2024 година, како и предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид 2024 – 2026.
Повеќе детали за дневниот ред на линкот.
OhridNews