Советот за безбедност денеска ќе одржи седница во кабинетот на Претседателот, на која ќе биде разгледана актуелната состојба со коронавирусот Ковид 19, односно потребата од продолжување на вонредната состојба во државата.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.
По завршувањето на седницата, предвидено е претседателот Стево Пендаровски да и се обрати на јавноста.
OhridNews