Канонадата кон голот на “градежниците“ ја започна репрезентативецот Хасани, до полувремето новото име во Шкендија, Менсур Куртиши беше прецизен два пати. Во вториот дел Шкендија продолжи каде што застана, наизменичните погодоци на Исени и Јованоски го дадоа конечниот резултат од 7-0.
– Ниту ние не очекувавме дека вака лесно ќе триумфираме над Охрид Лоте.
Овој натпревар го искористивме да ги поправиме грешките што скапо не
чинеа во првествените натпревари. Натпреварот од Купот, беше одлична
можност за увертира за неделниот натпревар против Напредок пред нашите
гледачи – истакна Ќатип Османи.