Како и минатата година, така и оваа полските ветеринари и индустријата за производи за мачки и кучиња ќе настојуваат на луѓето да им објаснат дека дебелината убива, како кај луѓето така и кај животните.
Списокот на болести кои поради дебелината ги загрозуваат кучињата и мачките е доста широк а најчести се дијабетис, кардиоваскуларни заболувања и болести на органите за дишење. Во сите ветеринарни ординации во Полска сопствениците мораат да ги извагаат своите љубимци и добиваат известување колкав е вишокот на килограми и даваат бесплатни консултации како да ослабат.