Од 22-ри до 24-ти ноември, во рамките на фестивалот „Охрид те сакам” ќе се одржи Седмиот меѓународен натпревар на класична музика. На натпреварот ќе бидат застапени повеќе дисциплини: пијано, флејта, кларинет, труба, хармоника,
Натпреварот ќе го оценува стручно жири составено од членови од Македонија, Србија, Косово, Бугарија, Албанија,
Во недела со почеток во 13:30 ќе се одржи завршниот концерт на кој ќе учествуваат сите добитници на специјална награда (100 бода) во своите дисциплини и ќе се натпреваруваат за Лауреат на натпреварот за кој наградата е солистички концерт на реномираниот фестивал во Рим “Concerti del Tempietto “.
Сите настани ќе се одвиваат во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“.
Вечерва по повод отварањето на Седмиот меѓународен натпревар ќе има свечен концерт на кој ќе настапат реномирани професори од стручното жири на натпреварот.
OhridNews