Бразлискиот плејмејкер Рикардо Изетсон дос Сантош Леите ,попознат како Кака`, ја доби Златната топка за 2007 година која францускиот магазин “Франс фудбал” му ја доделува на најдобриот фудбалер во светот по избор на новинарите.
Кака` играч на годината
Во изборот на 96 претставници на “седмата сила”, бразилскиот репрезентативец доби 444 бода, 167 повеќе од фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. На третото место се пласираше Лионел Меси од Барселона .
Одлучувачко за добивање на престижната награда која Кака јa добива за прв пат е фактот што во годината во која немаше некое големо натпреварување неговиот Милан ја освои Лигата на Шампиони ,а Кака со 10 погодоци беше најдобар стрелец во ова натпреварување.
Кака е роден 22 Април 1982 год. во Бразилија, а пред да го облече црвено- црниот дрес на Милан, бил член уште на тимот на Сао Паоло. Во Италија е од 2003 година, во репрезентација дебитирал на неполни 20 години и досега има 54 одиграни натпревари за петкратниот светски првак.
Има една светска титула од Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја (одигра само еден натпревар 18 мин),со “Селесао“ во 2003 го освои Купот на конфедерациите , а има и еден трофеј на својата земја со Сао Паоло .
Со росонерите Кака има по една од титула во Серија “А”, Лигата на шампионите, Супер-купот на Италија и на Европа .
Рикардо Кака` е осмата “Златна топка “ во историјата на Милан.Пред него до вакво призание стигнале уште пет росонери: Џини Ривера (1969), Рууд Гулит (1987), Марко ван Бастен (1988, 1989 и 1992), Џорџ Веа (1995) и Андреј Шевченко (2004).
Милан на вечната листа се издеанчи по бројот на освоени награди со Јувентус кој има исто така осум награди: Омар Сивори (1961), Паоло Роси (1982), Мишел Платини (1983, 1984 и 1985), Роберто Баџо (1993), Зинедин Зидан (1998) и Павел Недвед (2003).
Потанаму следат Реал Мадрид и Барселона со шест ,па Баерн Минхен со пет наслови.
По завршувањто на фудбалската кариера Кака вели дека би сакал да стане евангелистички свештеник .