Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица, информира пред малку министерот за здрасвтсво Венко Филипче. Тој соопшти дека се прават анализи по градови, и дека наскоро ќе биде соопштен и тој податок.

Утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Филипче соопшти и една позитивна вест. Oд Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

OhridNews