Голема  ќе биде одговорноста на плеќите на капитенот Седлоски кој ќе треба да командува со последната четворка пред голманот Јане Николоски.

Одбраната ќе биде на испит во Глазгов,а потребна ќе ни биде на нивото од двата јунски меча кога успеавме да ја зачуваме негибната нашата мрежа.

На досегашните натпревари со исклучок на мечот со Холандија во Амстердам која не надигра, не бевме инфериорни. Не размислуваме многу за играта на Шкотите, се подготвуваме да поставиме игра која ќе ни донесе позитивни резултати. Очекувам да не нападнат од првата минута, но нема да се подготвуваме нешто посебно ќе настапиме ако тим , кога ќе се браниме, ќе се браниме со сите 11 и кога ќе напаѓаме ќе напаѓаме со сите единаесет – вели Седлоски рекордерот по бројот на настапи во македонскиот национален состав.

фото : Емилио

М.П.