Македонската фудбалска легенда Гоце Седлоски му се приклучи на Динамо Загреб и ќе го предводи младинскиот тим во хрватскиот клуб. Седлоски во Динамо Загреб како играчи помина седум сезони и успеа да стигне до капитенската лента и статус на легенда.
Седлоски пресреќен е што се вратил во Динамо Загреб и е подготвен за тренерскиот предизвик.
Можам да потврдам дека го преземам Динамо Загреб. Ете, ми се исполни желбата, доаѓам да работам во овој клуб. Сите знаат колку го сакам Загреб и колку ми е драго што се враќам тука. Не знам кога точно ќе дојдам, се зависи од мерките поради коронавирусот. – изјави Седлоски.
46-годишниот Седлоски последниот ангажман како тренер го имаше во БиХ каде го водеше Широки Бријег, а работеше и во Рига, Вардар и Хоризонт Турново.
OhridNews