Македонскиот фудбалски првак Шкупи утре ќе го игра реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на Европа. Противникот на чаирчани, Шамрок од Ирска на првиот меч пред четири дена победи со 3:1.
Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски верува дека неговите избраници можат да ја анулираат предноста на Шамрок.
Одиме на победа со два гола разлика. Немаме друг избор. Мора да дадеме максимум во текот на целиот натпревар. Уште од самиот почеток треба да тргнеме агресивно. Грешките да ги сведеме на минимум. Видовме и во Ирска, и на претходните средби како се казнуваат грешките во евро-куповите. Верувам во мојот тим, но се надевам дека со помош на нашите навивачи можеме да ја анулираме негативата од два гола од првиот меч, изјави Седлоски.
Натпреварот Шкупи – Шамрок е закажан за утревечер од 21 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.
OhridNews