Македонската фудбалска експедиција се комплетира во базаата во Кирхберг, предградие на два километри од главниот град Луксембург.

Селекторот Катанец в среда за пријателскиот натпревар со Луксембург нема да може да смета на Трајанов и Демири кои претходно откажаа поради повреди.

“Бундес“ интернационалецот Игор Митревски смета дека е дојден моментот црвено – жолтите да стигнат до првата победа во 2008 година и во победничка атмосфера  да го пречекаат “пеколниот“ септември:

Мислам дека ова е натпревар кој доаѓа во вистинско време пред стартот на квалификациите за СП во Ј. Африка.  Оваа генерација фудбалери веќе подолго време игра заедно и очекувам токму на овој дуел да ја консолидираме нашата игра бидејќи не чекаат тешки дуели со Шкотска и Холандија , селекции кои се предизвик и за нас и за љубителите на фудбалот во Македонија.

Капитенот Гоце Седлоски очекува добра игра во Луксембург како потврда на квалитетот на оваа генерација фудбалери која е пред тежок испит во септемвриските дуели:

– На многу натпревари досега одигравме добро но овојпат мораме да мислиме и на резултатите бидејќи оваа генерација фудбалери има искуство и знаење за високи дострели, а нема што да се крие нашиот сон е пласман на едно големо првенство, што за некои од нас поискусните ова е можеби и последна шанса во кариерата.

Капитенот Седлоски од име на репрезентативците му посака на Ванчо Трајанов брзо да закрепне од несреќата и да се врати во националниот тим.

ohridNews