Македонската фудбалска репрезентација денеска (15.30ч.) на “Азади“ стадионот во Техеран ќе игра против селекцијата на Иран, во рамките на ЛГ – купот. Фудбалерите се оптимисти и со нетрпение го очекуваат дуелот со една од најсилните азиски селекции:
–
Продолжуваме стандардно со подготовките и увежбување на нови варијанти со кои треба да го изненадиме противникот. Овие два дена одлично ни дојдоа да се прилагодиме на условите во Техеран, но и да се одмориме од настапот со канаѓаните. Иран е противник за респект, репрезентација која во своите редови има одлични играчи и интернационалци. Потребна ни е добра серија на резултати и пред се да се обидеме да бидеме ефиканси и на гостински терен, нешто што ни недостасуваше во претходните квалификации – смета најискусниот во нашиот тим, Гоце Седлоски кој доколку го започне натпеварот ќе ја носи капитенската лента, во спротивно таа останува кај Шумуликоски.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com