Со 14 од 20 повикани репрезентативци во Охрид започнаа подготовките на “А“ фудбалската селекцијата за „операцијата“ Хрватска. На првиот тренинг Катанец ги немаше на располагање Пандев и Новески како и „кипраните“ Милошевски, Гроздановски, Јанчевски и Александар Митрески кои пристигнаа подоцна од другите.
Во центарот на вниманието е капитенот на македонскaта репрезентација Гоце Седлоски кој се враќа на Максимир каде помина 6 години во дресот на „модрите“, каде беше и капитен.
„Уживав одлична поддршка од навивачите при мојот престој во Загреб и се надевам на топол прием од нивна страна. Овој пат се враќам на Максимир но како противник, сега ги бранам боите на мојата држава и ќе го дадам максимумот в сабота. Хрватска е фаворит но ние во овој циклус докажавме дека може да се носиме со сите репрезентации“ изјави Седлоски.
во Охрид започнаа подготовките на“А“ фудбалската селекцијата за „операцијата“ Хрватска. На првиот тренинг Катанец ги немаше на располагање Пандев и Новескикако и „кипраните“ Милошевски, Гроздановски, Јанчевски и Александар Митрески кои пристигнаа подоцна од другите.Во центарот на вниманието е капитенот на македонскaта репрезентација Гоце Седлоски кој се враќа на Максимир каде помина 6 години во дресот на „модрите“, каде беше и капитен. „Уживав одлична поддршка од навивачите при мојот престој во Загреб и се надевам на топол прием од нивна страна. Овој пат се враќам на Максимир но како противник, сега ги бранам боите на мојата држава и ќе го дадам максимумот в сабота.Нема што да загубиме во Загреб. Гоце Седлоски Македонската репрезентација нема што да загуби во Загреб, подобрата игра на гостувањата капитенот ја објаснува со притисокот со кој се соочуваат репрезентативците кога играат на Градски. „Не не` интересира нивната репрезентација“ е фразата кој секој во репрезентацијата ја знае наизуст. Седлоски сепак ја фали Хрватска под водство на Билиќ. „Билиќ формираше еден млад тим имаат одлична игра, а победите против Италија, Норвешка и секако Англија се само потврда за тоа.“
Новина на тренинзите на репрезентацијата, но не спортска, беше присуството на обезбедувањето кое е тука наводно поради големиот број на хрватски новинари кои ќе ги следат подготовките на македонската репрезентација. Присутен беше само еден.