Скопските „црвено црни“ по само два меча ги завршија настапите во Лигата на Шампиони. Подобар од македонскиот првак, Вардар во втората квалификациска рунда во ЛШ беше Динамо Загреб со вкупен резултат (5-3).


„Вардарци“ можат и треба да жалат за двомечот со Динамо бидејќи на реваншот на Максимир десеттина минути имаа егал, но несватливите потези на вардаровите фудбалери ги вратија „модрите“ во игра.

– Екипа како Динамо знаеше како да ги казни нашите грешки. Ние премногу лесно им ја дадовме предноста која пак тешко ја стекнавме. исто така покажавме како клуб дека може да се носиме со екипа која години наназад учествува во групната фаза од Лигата на Шампиони. – рече Гоце Седлоски.

И тренерот на Динамо Загреб, Златко Крањчар имаше свое видување за двомечот со „црвено црните“. – Знаевме дека Вардар нема да се предаде и за тоа се подготвувавме. Примивме голови од наши грешки кои не смееме да ги правиме во следните мечеви. Добро е, што имавме одговор за секој нивни погодок и мислам дека заслужено победивме и поминавме понатаму.

По елиминацијата на Вардар тетовска Шкендија остана единствени македонски преставник во натпреварите со европски карактер.

Лигата на Шампиони остана само сон за Вардар (видео)

OhridNews