Епархијата која е сопственик на комплкесот околу Св. Богородица Перивлепта неодамна даде зелено светло за реализација на проектот за ревитализација на овој значаен духовен храм од византискиот период.
Со Проектот кој заеднички го изработија Заводот и музеј од Охрид, Општината Охрид, Дебарско Кичевската епарија и Управата за заштиота на културното наследство, покрај заштита на фрескоживописот и архитектурата на црквата се предвидува и заживување на целиот комплекс во кој спаѓаат камбанаријата, поранешната зграда на музејот на словенска писменост и конакот. Исто така ќе биде извршена ревитализација, конзервација и реставрација и на надалеку познатата галерија на икони во која се наоѓа една од највредните збирки на византиски икони во светот. Со проектот е опфатен и гробот на Григор Прличев, старата чешма и дрвата во дворот на црквата кои со закон се заштитени како природно наследство. Просторот ќе се уреди хортикултурно, а се предвидува и изградба на повеќе едукативни и промотивни содржини кои ќе ја збогатат туристичката понуда на Охрид.
Проектот веден 1.111.000 евра е дел од акцијата на Европската Комисија и Советот на Европа за обнова на културното наследство во Југоисточна Европа и ќе се реализира во период од 4 години.