Еден постар човек кој себе се нарекува Мојсие-Петар веќе со години седи секој ден покрај автопатот помеѓу Торквеј и Пеигтон во Велика Британија. Тој со часови само седи и ги поздравува возилата кои минуваат. Патниците му посветиле и група на Фејсбук која ја нарекле „Чудниот старец кој седи на клупата на патот меѓу Торквеј и Пеингтон“.


Групата привлекла повеќе од 5000 обожаватели од цела Велика Британија. За старецот никој не знае ништо, но се чини како срамежлив човек. Тој не сакал да открие зошто седи со часови и само ги поздравува возилата.