Седењето не е добро само по себе, а поопасно е да се седи пред компјутер отколку пред телевизор.

Претераното седење пред компјутер или лежењето пред телевизор е поврзано со 25% поголем ризик за депресија, покажала анализа на дваесеттина истражувања кои опфатиле преку 200 илјади луѓе.

Истражувачите напоменуваат дека наодите биле слични во Европа, Америка, Азија и Австралија.

Утврдено е дека претераното седење пред компјутер е двојно посилен фактор за ризик за депресија од претераното гледање телевизија.

Физичката неактивност е и претходно тесно поврзана со поголем ризик за болести на срцето и дијабетес тип 2. Покрај тоа, физичката активност во претходни истражувања е истакната како ефективно средство за ублажување на симптомите на депресија.

извор:metro-portal.hr