Кинезот Чен Кецаи минал во када полна со мраз 108 минути и 21 секунда. Чен доаѓа од северот на земјата, каде зимите се многу ладни и вели дека тоа воопшто не му смета, а настапува најчесто во јужните делови на Кина. Една жена која ја посетила неговата изведба изјавила дека е воодушевена и дека не знае како може тоа да го издржи.


Чен точката со мразот ја изведува веќе 20 години. Вели дека уште како дете седел во снегот по неколку часа. Откако лежел во мразот 112 минути, бил запишан  во Гинисовата книга на рекорди.