Едно ново истражување ја става под знак прашалник претходната теорија која сугерирала дека секогаш преживувале оние кои себеси се ставале на прво место, ги сикористувале другите и биле себични. Наместо тоа, изгледа е подобро да се одлучат за соработка.

Резултатите од истражувањето на тим од универзитетот во Мичиген објавени во „Nature Communications“ покажале дека доколку би се применувале само себичните црти на личноста, човековата врста би била доведена до изумирање. Кристоф Адами, главниот автор на студијата која се темели врз играта „дилема на затвореникот“, во која двајца затвореници во посебни ќелии одлучуваат за судбината на оној другиот, но и за сопствената, рекол дека лошотијата и себичноста можат да донесат предност на кратки патеки, но не и на долги. Тие заклучиле дека секоја предност која допринесува за штета кон другите е многу краткорочна.