Германскиот ас Себастијан Фетел најави дека по завршување на сезоната 2022 ќе се повлече од Формула 1.

Неговата одлука претставува шок за сите, а тој не крие дека е разочаран од случувањата во неговиот актуелен тим Астон Мартин.

 

 

Четирикратниот шампион моментално е 14 во генералниот пласман со 15 освоени бода и без амбиции да направи нешто повеќе во тековната сезона..

Во кариерата Фетел триумфираше на 53 трки и има 122 подиуми. Од 2010 до 2013 година освои 4 титули во тимот на Ред Бул. По преминот во Ферари не успеа да го повтори тој успех и во 2021 година се пресели во Астон Мартин.

OhridNews