Роберт Патисон на своите родители и најблиски пријатели има јави дека планира со својата избраничка да стапне на лудиот камен на 16 декември. Ги замолил тој петок да бидат слободни. Припремите за венчавката се во тек. Тој и Твигс се во врска од 2014 година, а тој идната сопруга ја запозна и со поранешната девојка Кристен Стјуарт. Претходните денови се шпекулираше дека тој и девојката не се заедно бидејќи таа на својата рака не го носеше вереничкиот прстен, но тој со најавата на венчавката тие вести ги демантира.

Прашање е како на ова ќе реагира неговото семејство, со оглед на тоа што извор близок до парот неодамна раскажа дека неговите родители не се баш воодушевени со оваа врска. Иако многу девојки би сакале да бидат на нејзино место, Твигс изјави дека не и е баш лесно. Андеграунд уметничката, алудирајќи на гужвата која медиумите ја прават околу нив, ијави дека е многу тешко да се биде во врска со него. Понекогаш посакува да запре се околу себе и да ја скрши главата во огледало.