Едно лице телефонирало во полицијата во Пенсилванија за да се пожали на лошиот квалитет на марихуаната која ја купил. Незадоволниот купувач им раскажал на полицајците дека марихуаната имала ужасен вкус кога се обидел да ја пуши.
Според зборовите на полицаецот Доналд Гмитер, со анализа било востановено дека материјата не е марихуана, но не прецизирал за што точно се работи. Иако се воспоставило дека тоа што го купил не била марихуана, сепак момчето би можело да биде обвинето за поседување фалсификувана забранета супстанција.