Еден осуденик во затворот во Мичиген се жалел дека е осуден на сурова и необична казна, бидејќи не можел да користи порнографски материјал, јавиле американските агенции. Во својата писмена жалба кон судот, Кајл Ричардс, осуден за грабеж, го барал своето човеково право кое му било одземено во затворот Макомб.


Ричардс навел дека му биле одбиени барањата да добие порно материјал и дека во затворот бил изложен на беден начин на живот, а исто така немал ни сексуална приватност. Управата на затворот ги отфрлила неговите обвинувања и навела дека на затворениците им е обезбеден порнографски материјал.