Неофицијално се подготвуваат нови измени за зголемување на возраста за пензионирање и тоа за една година повеќе од сегашните услови, што значи дека старосната граница се зголемува од 62 на 63 години за жените и од 64 на 65 за мажите, јавува „Утрински весник“.
Како што јавува весникот, сегашната состојба на пензиската каса, но и онаа што со години се провлекува, повеќе од сигурно е дека финансиската состојба во пензискиот фонд станува се’ повеќе неодржлива.
Инаку, моментно од пензиската каса се исплаќа пензија на околу 280.000 пензионери.
„Утрински“